Синот на Ребека го прослави својот 13-ти роденден: “Маркијан конечно ги научи буквите, бројките и боите, би сакала да научи и да чита”

|

Синот на пејачката Ребека Јанковска – Ристески во неделата го прославил својот 13-ти роденден, а таа вели дека токму поради тоа ноември ѝ е еден од најсреќните месеци во годината.

Ребека за “Женски магазин” раскажала за среќата и возбудата на Маркијан поради роденденската забава: 

“Кога стигнавме дома по роденденската забава, Маркијан ме гушкаше постојано и не заспа до 1 часот. Се радуваше на секој пристигнат гостин и ми велеше: “Мамо, сите дојдоа”, редејќи ги по име. Многу сака музика и има свои омилени песни кои ги слyшавме во текот на роденденот. Се изнасмеавме кога кажа: „Сакам уште родендени!”, вели пејачката.

Инаку, Ребека е претседател на здружението “Дајте нѝ крилја” кое помага на лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, а таа секогаш отворено зборува за секојдневието со својот син кој боледува до ретката болест туберна склероза.

“Маркијан конечно ги научи буквите, бројките и боите. Би сакала да научи и да чита. Тој е одлично прифатен и на роденден му дојдоа и десетина другарчиња од училиште”.

Ребека вели дека тој обожува да слуша џез, рок, техно и македонска изворна музика, а од македонските бендови ги обожува “Суперхикс”.

“Пеце нѝ подари билет за еден концерт и оттогаш само прашува кога ќе одиме повторно”, раскажала Ребека.

Во претходно интервју за Женски магазин таа изјавила дека нејзиниот син прозборел, благодарение на музиката која ја слуша.