|
Кучињата се сметаат за најдобри пријатели на човекот, но ни мачките не заостануваат.
Луѓето кои долго време имаат домашни миленици знаат дека понекогаш можат да се потпрат на нив и кога станува збор за чување на нивните деца.
Еден од таквите примери е и оваа мачка од Колумбија која очигледно многу сериозно си ја сфатила својата улога. Таа спречила бебето да падне по скалите додека неговата мајка била отсутна. Мачката воочила опасност, па поради тоа застанала пред бебето и со своите шепи го принудила да се откаже од движењето кон нив. Освен тоа, таа останала на местото за да се увери дека бебето нема повторно да тргне кон скалите.
Видеото од брзата реакција на мачката станало хит на социјалните мрежи.