Исповед: Мислев дека е моја задача да се занимавам со проблемите на другите луѓе, особено кога се во прашање моите блиски луѓе. Искрено? Тоа го правев за да се чувствувам подобро во врска со себеси. Но, секојпат кога се обидував да помогнам, тоа завршуваше така што успевав да ги оддалечам моите блиски од мене, наместо да ја остварам блискоста по која копнеев.
Луѓето често ми велеа: „Возрасна личност сум, знам да се грижам за себеси!“ И јас тогаш враќав: „Знаете што? Си имате внатрешни извори кои ќе ви помогнат да се грижите за себеси? Зошто воопшто се мешам?“ Како креативно, сочувствително и интуитивно битие, можам да ги почувствувам луѓето околу себеси, особено оние кои ми значат. Тешко ми е да не се мешам.
Можете ли да се поистоветите со ова?
Дали ви е познато чувството кога гледате некого како страда и сакате да помогнете во решавање на проблемите? Но, што ќе се случи ако се воздржиме од помагање на луѓето кои ги мачи одреден проблем? Можеби ќе ви звучи себично, но на другите им нанесуваме поголема штета доколку ги водиме битките наместо нив. Така им ја одземаме нивната моќ и не им дозволуваме самите да решат некои работи.
Знам дека можеби звучи сурово, но вистина е дека кога делуваме на тој начин, ние се обидуваме да ги контролираме другите за сопствена корист. Се работи за тоа дека на тој начин ние самите се чувствуваме подобро или добиваме нешто што сакаме, без воопшто и да го сфаќаме тоа. Честопати, во желбата да им помогнеме на другите, ние всушност се обидуваме да ги контролираме нашите односи и нашата околина за да се чувствуваме сигурно и заштитено.
Конечно сфатив: Мојата работа е да ги слушам луѓето кои ги сакам и да го правам тоа со сочувство и љубов и да не се обидувам да променам нешто во искуствата на другите луѓе.
Една од моите најголеми животни лекции:
Не е моја работа да ги исцелувам другите. Мојата работа е да ги оставам самите да се изборат за своите победи. Тоа е единствениот начин преку кој можеме да растеме. Мораме самите да носиме сопствени заклучоци. Долго ми требаше, но на крајот го сфатив тоа. Наместо да се обидувам да ги менувам другите луѓе, мој приоритет е да гледам што треба да променам во себеси.
Дали можете внимателно да слушате некого и да го правите тоа со љубов и топлина наместо да нудите непосакувани совети?