|
Нов начин на подготовка на пица…
СОСТОЈКИ: 10 парчиња тост леб, кечап
100 гр тенко сечкана шунка Пекабеско, 100 гр кашкавал, 6 свежи шампињони, оригано, босилек, 2 домати
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Наредете ги лепчињата во голема тепсија за печење, секое премачкајте го со кечап, посипете оригано и босилек. Преку наредете шунка и печурки исечкани на листови, а од горе изрендајте кашкавал.
Запечете неколку минути во рерна загреана на 200 степени, додека кашкавалот не се растопи. Украсете со домати и уживајте!
Добар апетит!