Оценете сами: Како пее во живо поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски

|

Во последно време, поранешната сопруга на македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, често е во центарот на вниманието.

Иако најчесто со убави работи го привлекува вниманието, овој пат и не е баш така.

Имено, неодамна Кристина учестуваше на „Мис Глоуб 2019“ кој се одржа во Црна Гора. Оттаму се врати со наградата Мис фотогеничност, а како и сите учеснички на натпреварот за убавина, требало на сцената да покаже талент кој смета дека го поседува. Кристина се одлучила да пее, она во што неодамна одлучи да се докаже на домашната музичка сцена.

https://www.instagram.com/p/B4scR18HcQO/?utm_source=ig_embed

Иако својот неуспешен настап го препишува на настинката, сепак македонската јавност не се согласува со неа. Помеѓу луѓето може да се слушнат коментари дека „убавина и гласот не секогаш одат заедно“, што само оди во прилог на тоа дека не се задоволни од нејзините вокални способности.

„Ми беше задоволство да настапам на мис талент. Бев болна, но не се откажав. Станав и го дадов најдоброто од себе во тој момент. Ми беше задоволство да ја претставувам Македонија на Мис Глоуб. Ве сакам“, напиша Кристина покрај видеото од својот настап на Инстаграм.