|
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај и Аеродром, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во период од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе останат корисниците од село Ласкарци, село Арнакија и селата Семениште, Буковиќ и Чајлане во Општина Сарај.
Во период од 12:00 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. „23 Октомври“ до број 25, Општина Аеродром. Во период од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. „Јован Кукузел“, ул. „Гаврил Константиновиќ“, дел од ул.„Ернест Телман“ и ул. „Благоја Мучето“, Општина Аеродром.