Спој на луксуз и минимализам: Ѕирнете во домот на Викторија Лоба (фото)

|

Пејачката Викторија Лоба активно почна да ја применува праксата да биде модел за некои познати модни брендови за гардероба, накит, козметика…

Нејзиниот профил на Инстаграм е преполн со фотографии на кои таа го предложува својот моден избор на следбениците, а дел од таквите објави ги создава во домашен амбиент.

ФОТО:ВИКТОРИЈА ЛОБА/ИНСТАГРАМ

Токму оттаму може да се ѕирне во приватноста, односно во новиот дом на Лоба каде живее во својот партнер, бизнисменот Ѓорѓи Калешов.

Лоба се сврши нечујно, а сега како „од пушка“ откри дека ја подготвува свадбата – еве кога ќе се случи!

Иако фокусот е во нешто сосема друго, тешко да не се забележи префинетиот дом на пејачката каде се помешани неколку стилови.

ФОТО:ВИКТОРИЈА ЛОБА/ИНСТАГРАМ

Пред се доминира темната боја на дрво, индустрискиот стил, минимализмот, но и луксузните детали.

ФОТО:ВИКТОРИЈА ЛОБА/ИНСТАГРАМ

Во 2018 година Лоба откри дека е посветена на уредување на просторот кој изгледа како од списание.

ФОТО:ТОЧКА.КОМ.МК/ПРИНТСКРИН

За потсетување, Лоба неодамна во интервју за магазинот „Бекстејџ“ откри дека е свршена и има веренички прстен на раката, а претстојаната 2020 година ќе се случи и свадбата.