Добра “професорка“: Maкедонците од „Ѕвездите на Гранд“ ги започнаа подготовките за вториот круг со Вики Миљковиќ

|

Во септември започна новата сезона на регионалното музичко „Ѕвездите на Гранд“ каде и оваа година има и македонски претставници.

Како и претходната сезона, правилата во музичкото шоу остануваат речиси исти, со некои мали измени.

Имено, членовите на жирито имаат и улога на ментори, па заедно со своите екипи и соработници ги подготвуваат кандидатите за следните кругови.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Во оваа сезона, наместо продукцијата, има и гост – ментор кој гостува само една емисија и може да одбере некој кандидат, па во таква улога ќе ја видиме и македонската пејачката Тијана Дапчевиќ.

Тијана Дапчевиќ со неверојатна стилска трансформација се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и ги остави сите со подотворена уста! (фото)

Како и во досегашните сезони, така и оваа година во музичкото шоу има македонски претставници, а меѓу нив Стефан Виличковски, Марио Арангеловски, Александра Темелков, Гоце Бошковски…

Само што се појави на сцена, публиката го поздрави со аплауз: Александар Темелков повторно во „Ѕвездите на Гранд“ направи хаос

Александар Темелков и Гоце Бошковски за свој ментор ја одбраа пејачката Вики Миљковиќ.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ВИКИМИЉКОВИЌ

Бидејќи наскоро започнува вториот круг на музичкото шоу, Вики Миљковиќ и нејзината екипа започнаа со подготвките на нејзините кандидати.

Имено, Александар и Гоце се најдоа во студиото на Миљковиќ каде ги бираат песните за следниот круг, работат на грешките, интерпретација и целосниот настап.

Темелков на својот „Фејсбук“ објави фоготафија од студиото, а во описот напиша:

„Професионално се подготвуваме за вториот круг со мојот ментор Вики Миљковиќ и Ташке“ напиша Александар на заедничката фотографија.

ФОТО: ФЕЈСБУК

И Гоце Бошковски сподели дел од атмосферата во студиото на Миљковиќ.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Инаку, добро е познато дека српската пејачка целосно е посветена на своите кандидати и има ангажирано цела екипа, односно шминкер, фризер, стилист, психолог  кои професионално и посветено работат сите заедно.

Како Вики ќе ги подготви македонските кандидати и дали ќе поминат во третиот круг, останува да видиме.