Кога ќе ја пронајдат “вистинската”, тие ѝ го носат ова: Погледнете како пингвините ги запросуваат женките

|

Откако ќе пронајдат женка со која би го провеле својот живот, мажјаците од одреден вид пингвини лутаат низ целата плажа, барајќи совршен камен кој во нивниот свет е нешто како веренички прстен кај луѓето.

Кога ќе го пронајде, мажјакот го подигнува и го носи до својата избраничка, за потоа да го спушти пред нејзините нозе. Доколку женката го подигне каменот, мажјакот тоа го сфаќа како согласност, а доколку не го подигне, мажјакот е одбиен. 

Најпознатиот вид кој на ваков начин стапува во моногамна врска е аделискиот пингвин (еден француски истражувач им го дал името во 1830 година, по својата сопруга Адели).

Зошто баш камен?

Она што нѝ делува како неважен дел од плажите, за пингвините е многу драгоцен. Аделиските пингвини користат камчиња за правење гнезда, односно ги распоредуваат околу дупките во земјата. Некогаш, женките крадат камчиња од другите гнезда.