|
Од ЈП „Водовод“ добиено е известување дека поради промена на шибер од Ф 300 мм на улицата Кеј Димитар Влахов (кај бензинска пумпа Макпетрол), без водоснабдување од 8 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од населбата Керамидница (општина Гази Баба), како и дел од Крњево (општина Центар).
Поради уличен дефeкт на ул. Орце Николов (пред „Охридска банка“ ) без водоснабдуање од 8 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од ул. Никола Кљусев, ул.Скопско и дел од ул. Орце Николов (општина Центар).
Поради промена на вентил на ул. Кеј 13 Ноември ( пред кафеана „Ања“), без водоснабдување од 8 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците од „Холидеј ин“ до плоштад (општина Центар).