Тие без престан “фрлаат“ пари на глупости. За нив финансиското планирање е навика на здодевните луѓе, па тие сè прават спонтано.
Тие често влегуваат во минус, се задолжуваат и повеќе трошат, отколку што заработуваат пари.
Луѓето родени во овие четири хороскопски знаци претеруваат со трошење пари.
Риби
Рибите постојано го надминуваат својот буџет, бидејќи сакаат да им даваат пари на другите. Тие секогаш им помагаат на луѓето, дури и кога тоа значи дека нема да имаат доволно за себе. Рибите едноставно не размислуваат за пари и ги трошат сосема ирационално.
Стрелец
Претераниот оптимизам, Стрелците ги влече надвор од границите. Тие планираат и ги остваруваат работите за кои апсолутно немаат пари, но секогаш некако се снаоѓаат. Нивните намери се добри, но едноставно се непромислени и детинести.
Близнаци
Близнаците се најнеодговорниот знак. Нив невозможно е да ги контролирате во бил кој сегмент од животот, особено во финансиите. Тие живеат по правилото „животот е еден“ и така и се однесуваат, па од месец во месец добиваат лути повици и меилови од банките или од луѓето кои им позајмиле пари.
Овен
Овните често го надминуваат својот буџет, бидејќи шопингот им е начин на утеха. Во мислите си прават пресметки, но тие се далеку од реалноста. Сепак, Овните се многу интелигентни, па кога ќе им згусне, запираат и престануваат да трошат.