Качамак – рецепт како правилно да зготвите палента (ВИДЕО)

|

Совршената густина на качамакот не е лесно да се добие и затоа треба да се придржувате на мерките и должината на готвење. Во продолжение ви пренесуваме видео рецепт за секогаш фина и кремаста палента.

СОСТОЈКИ: 1,5 л вода 0,5 кг палента 2 лажички сол полна лажица путер или маргарин

ОСТАНАТИ СОСТОЈКИ: сирење јогурт кајмак кисело млеко испржен колбас шеќер, мед или млеко (доколку правите слатка палента) НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Зовријте ја водата со путер и посолете. Додајте палента со постојано мешање. Намалете ја температурата и гответе 10-15 минути. Постојано мешајте. Послужете со додатоците по ваш избор. Палентата може да се сервира со разни јадења, месо со преливи или зачинета со вашиот омилен зачин.

Добар апетит!