Во последното саботно издание на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и дваесет и тригодишната Пепита Маринкова.
Пепита се претстави со песните „Загрли“ од Гоца Тржан и „Ја за љубав нечу молити“ од Нина Бадриќ, а кога ја започна изведбата на втората песна, Пепита доби паник тастер, но Саша Поповиќ врати со контра паник, па македонската претставничка продолжи да пее.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ/ЗБЕЗДЕГРАНДА
Таа не доби ниту еден глас од жирито, а Јелена Карлеуша има жестоки критики за Пепита за која кажаа дека има интересно име.
„Тоа е единствено нешто што е интересно. Пепита имаш 20 години, каде ти е младоста, енергијата, борбата, желбата за успех“ изјави Карлеуша за македонската кандидатка и додава:
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ/ЗБЕЗДЕГРАНДА
„Твојата енергија е нула. Никогаш нема да бидеш ѕвезда. Како никој никогаш не ти кажал дека изгледаш како теткица, уморна од животот на своите 20 години, туку треба да грмиш и да покажеш дека ти е важно. Ако тебе не ти е важно, зошто на мене да ми биде важно. Беше досадна“,
Неда Украден која беше член гостин во жирито истакна дека ако некој има совест и одговорност, тогаш треба да има и трема.
„Само будалата нема трема и некој кој пее на плејбек“ изјави Неда, а веднаш се вмеша и Карлеуша велејки дека тремата не е оправдување.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ/ЗБЕЗДЕГРАНДА
„Стоп, стоп“ истакна Украден со цел да ја прекине кавгата, а тогаш Карлеуша брутално и одговори:
„Мени ни мојата мајка не ми велеше стоп“.
„Песната „Загрли“ ја отпеја без енергија која се стекнува со искуство“ појасни Неда која зад себе има богата и успешна кариера.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ/ЗБЕЗДЕГРАНДА
Пепита не помина во вториот круг, а дали ќе се појави во некоја од следните сезони останува да видиме.
Нејзиниот настап може да го погледнете во продлжение на видеото.