Македонскиот кандидат пееше на својата сопруга во „Никогаш не е доцна“, а Неда Украден јавно му поласка: „Ова го можат само Македонците“

|

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, настапуваше и 45 годишниот Игор Ангелов од Струмица.

Игор е вработен во музичкото училиште во родниот крај како професор по народни инструменти, а како што вели и неговиот татко исто така бил наставник по музика.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Македонскиот кандидат истакна дека уште од второ одделние започнал да свири и да заработува, а неговата желба е да стигне до крајот на музичкото шоу.

„Целта ми е да ме слушнат поголем број на луѓе“ вели Игор.

Поддршка на македонскиот кандидат беше неговото семејство, односно неговата сопруга и двете ќерки.

Ангелов се претстави со песната „Теби“ од Мирослав Илиќ, а додека ја пееше песната, македонскиот кандидат погледнуваше во неговата сопруга која Жика Јакшиќ ја изведе на сцената, па така Игор и пееше на својата сопруга.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Жирито имаше само пофални зборови за Игор.

„Јас толку уживав, па немам појма дека ова е некој натпревар. Ова е една прекрасна приказна, да го слушаме овој глас. Браво. Ова го можат само Македонците“ истакна Неда Украден.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

„Јас навистина уживав“ беше краток Жељко Васиќ.

Овој пат ни Саша Маринковиќ Маре немаше забелешки за македонскиот кандидат.

„Мене ова ми е професорски, на ниво, се слуша совршениот слух. Посебно ти честитам на дикцијата која ти е совршена. Секоја чест“ вели Маре.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Жика Јакшиќ истакна дека она што посебно го радува е што кога сопругата на Игор излегла на сцена се забележала љубовта која се уште трае.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Игор помина во следниот круг, а како тогаш ќе се претстави останува да видиме. Дотогаш неговиот настап погледнете го видеото подолу на 31:58.

За потсетување, досега во „Никогаш не е доцна“  неколку пати победија Македонци, односно во една сезона победи Горан Кукиќ, потоа победи Добрила Ивановска Чабриќ и во последната сезона имаше двојна победа односно Ленче Кукиќ и Бејхан Рамов.