|
Публиката со големо нетрпение ги очекува престојните концерти на музичката легенда Здравко Чолиќ кои ќе се одржат во Белград.
Инаку, добро е познато дека пејачот не изнесува во јавноста детали од својот приватен живот, но сега прозборе за наследничките Уна и Лара.
Чола истакна дека е горд на нив и дека ги поддржува во се и им ги исполнува желбите, но не е сигурен дека ќе се согласи со нивниот избор на дечковци.
Горд сум на своите ќерки како и секој татко. Јас сум тука за да ги поддржувам и да им ги исполнувам желбите. Веќе полека почнува и изборот на дечковци, не знам како ќе се изборам со тоа, најтежок ми е тој дел, но сето тоа е живот и е сосема нормална работа, рекол Здравко.
Сопругата на пејачот, Александра ретко се појавува на настани со него, а сега Чола истакна дека во неговиот случај може да се каже дека зад секој успешен маж стои жена.