Во светот постојат четири бои на пасошите – еве кое е нивното значење

|

Можеби некогаш сте се прашувале зошто некои граѓани на одредени држави во светот имаат различна боја на пасошот од нашата, но и за тоа има објаснување.

Црвена

Црвената е најчеста боја на пасош, а воглавно ја избираат земјите кои некогаш биле комунистички или пак сè уште се такви како Србија, Словенија, Кина, Русија, Летонија, Романија, Полска и Грузија. Исто така со црвена боја се пасошите на сите земји членки на ЕУ освен на Хрватска.Во државите кои сакаат да се приклучат кон унијата, бојата на пасошите веќе повеќе години е црвена како што е случај со Македонија, Турција и Албанија.Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу се членки на Андската заедница на нациите и тие исто така имаат пасоши во темно црвена боја.

Сина

Сината боја го претставува “новиот свет“ кој припаѓа на 15 карипски држави. Сината боја на пасошите ја користат и членовите на трговската унија Меркосур. Од членовите на оваа унија единствено жителите на Венецуела сè уште имаат пасоши со црвена боја. Граѓаните на САД имаат сини пасоши кои ги користат од 1976-та година.

Зелена

Зелени пасоши поседуваат жителите на речиси сите земји каде што Исламот е доминантна религија затоа што се смета дека зелената боја била омилена на пророкот Мухамед. Зелени пасоши имаат и државите на Економската заедница на западна Африка како што се Буркина Фасо, Нигерија, Нигер, Брегот на слоновата коска и Сенегал.

Црна

Црната боја ја користат само неколку земји. Од афричките земји тоа се Боцвана, Замбија, Габон, Ангола, Чад и Конго, а освен нив, црна боја на пасошите користат и во Нов Зеланд затоа што во оваа држава црната е национална боја.