Екс водителката на „Ексклузив“, Николина Славковска покажа како изгледа без шминка (фото)

|

Откако фреквенцијата на телевизијата на Боки 13 престана да емитува програма, заврши и водителскиот ангажман на водителакта на забаваната емисија „Ексклузив“, Николина Славковска, како и на голем број од нејзините колеги во телевизијата.

Николина или како што е запишана на социјалните мрежи Нина Ред одредено време не се појави пред камери, а како што пишуваше „слободен печат“, Нина  започнала да работи како инструктор по танц.

Меѓутоа, водителката деновиве повторно застана пред камера, но и тоа  пред „Инстаграм“ каде се дружеше со нејзините следбеници, а овој пат водителката беше во природно издание и без шминка.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

„Само да ви кажам дека долг период немам зборувано пред оваа камера, малку ќе ми биде чудно“ најави на почетокот екс водителката.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

„Да не ве чуди, јас цело време се смеам сама на себе, тоа ми е најдобрата забава. Инаку да ви кажам дека едно непишено правило за „Инстаграм“ секогаш ми беше дека не треба, не смеам, да се појавам на оваа камера да немам шминка, бидејќи што ќе помислат луѓето за мене“ вели Нина во „кратките приказни“ и додава дека не и е важно тоа дали ќе се појави без шминка.

Нина исто така дека можно е да се врати на ТВ екраните:„Постои, се работи на случајот, гледам тоа да биде некој „leval up“ за мене“ истакна водителката.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Нина зборуваше и на темата позитивност, па откри дека не е истата.

„Да ме прашаше ова пред 6,7 месеци, една година не беше се така како што изгледа, но оваа Нина што ја гледате денес е многу поприродна“ додава водителката.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Инаку, Нина пред објективот често можевме да ја видиме со шминка и средена во топ изданија, а вака во природно издание не се многу појавува во јавност, а дали тоа сега ќе се промени, па почесто ќе биде актуелна и на социјалните мрежи, останува да видиме.