Многу жени сакаат рамна и сјајна коса, а бидејќи фризерските услуги можат да бидат скапи, тие спасот го пронаоѓаат во пресата за коса со која постигнуваат убава фризура. Но, познато е дека пресата всушност ја оштетува косата, а нивото на оштетување зависи од квалитетот на влакното како и од начинот на кој го употребувате овој уред.
Високите температури негативно влијаат врз квалитетот на косата, но доколку ги користите правилно, можете да ја спасите вашата коса.
Грешка број 1: Превисока температура
Пресата никогаш не треба да ја користите на максимална температура. Тоа ужасно ја уништува косата, а може дури и да ја спали. Температурата до 200 степени е подеднакво делотворна за сите типови на коса и нема потреба да ја зголемувате.
Грешка број 2: Пеглање без заштитни препарати
Заборавањето на заштитата на косата од топлина, во облик на спрејови, креми или масла може сериозно да ја оштети косата. Високата температура го слабее влакното кое со текот на времето пука и се суши.
Грешка број 3: Траги од пресата
Пред пеглањето, добро исчешлајте ја косата, поделете ја на прамени и тогаш започнете. Нема потреба повеќе пати да пеглате исти прамени бидејќи со тоа ќе оставите траги на влакното, а косата може да изгледа како да е масна.
Грешка број 4: Сакате волумен, а добивате безживотност
Ако не сакате вашата коса да виси и да изгледа безживотно, пеглајте ја така што ќе ја подигнете од темето, а потоа благо ќе ги извиткате врвовите кон лицето. На тој начин ќе добиете волумен.
Грешка број 5: Користите погрешен вид на преса
Многу е важно да ја изберете вистинската преса за вашата коса. Пресите со керамички плочки се идеални за сите типови на коса бидејќи совршено се лизгаат низ неа, а топлината рамномерно се распоредува.
Жените кои сакаат да избегнат наелектризирана коса треба да користат преса со плочки од турмалин, а важна е и големината на плочките – тесните плочки се совршени за кратка коса, а за долга коса користете преса со широки плочки.