Регионалните медиуми неодамна пишуваа дека 41 – годишната хрватска пејачка Јелена Розга е во врска со 12 години помлад Белграѓанин.
Наводно парот се запознал во текот на летото преку заеднички пријатели во Србија, а анонимното момче на пејачката се занимава со консалтинг.„Разликата од 12 години не им прави никаков проблем. Тој се грижи за неа, ја чува и милува и сто проценти и е наклонет. После Стјепан Хаусер, кој наводно кон неа бил лош, повеќе од потребен и беше човек кој е сосема спротивен од него“ – речкол извор близок до момчето.
Шпекулациите започнаа кога фановите забележаа дека Розга се повеќе време поминува во Белград.
По сите нагодувања и шпекулации, Јелена се огласи преку својот „Инстаграм“ и откри пишувањата не се точни и дека е слободна.
„Се пишува дека имам момче…повторно…Дека е млад, па и згоден. Ако некој го познава, нека ми се јави. Би сакала да го запознам“ се нашали пејачката на сметка на својот љубовен живот.
Хрватската пејачка неодамна изјави дека поради притисок на јавноста нема намера да се венча, но бара некој кој ќе биде племенит, духовит и кој ќе има разбирање.