|
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
На средбата е предвидено да се разговара за билатералните односи, за политичката и економската соработка, како и за европската перспектива на Северна Македонија и регионот. Исто така, предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји во пресрет на имплементацијата на обврските од преспанскиот договор.
Во рамките на официјалната посета на Република Северна Македонија грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.