Популарната балканска музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ, на 30 ноември ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп. Големиот хуманитарен концерт е закажан во спортската сала „Maкедонија“,а собраните средства се за помош на Дејан Најдоски и Мартин Стојаноски. Ова е најверојатно прв случај кога музичар од регионот прави хуманитарен концерт за деца од Македонија.
Концертот започнува во 21 часот, а влезниците се по цена од 200 денари.
22-ве годишниот Мартин е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна нecреќа се здоби со тешки телесни повpеди, поради кои сега се наоѓа во инвaлидcка количка.
Станува збор за момче кое е фудбалски голман и одличен свирач на хармоника. Средствата се потребни за лeкување во Москва, Русија.
Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.
Потребната сума изнесува 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки. За подобрување на неговата состојба потребни се нови два зафати со матични клетки.