Наташа Беквалац, Весна Дедиќ и Јелена Бачиќ-Алимпиќ гостинки на „Профемина 2019“

|

Српската пејачка Наташа Беквалац заедно со Весна Дедиќ и Јелена Бачиќ – Алимпиќ, на 27 ноември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе бидат специјалнигостинки на регионалната конференција за жени „Профемина“.

Новосадската барбика за прв пат пред македонската публика јавно ќе зборува покрај професионалните успеси и за сето она што и го обележало нејзиниот приватен и брачен живот, личните емотивни подеми и падови.

Пред посетителите во хотелот „Александар Палас“ ќе ја открие и тајната на својот младешки изглед, својата рутина за нега и разубавување, начинот на исхрана и живот.

Покрај овие познати дами од соседството, учество на конференцијата ќе земат и голем број на познати и еминентни имиња од домашната јавна сцена.