Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца Ражнатовиќ, се ожени со свршеницата Богдана, а свадбата на деценијата сепак не можеше да помине без скандал.
Имено, среќата на младенците се обидоа да ја засенат поранешната девојка на Вељко, Маша Терзиќ и поранешното момче на Богдана, Урош, кој едвај дочекал да се пожали на новинарите.
Имено, поранешната девојка на младоженецот, Маша, предивзика скандал со нејзините коменатри на социјалните мрежи. Прво напишала како само таа не добила покана за венчавката, додека нејзините браќа биле повикани, а потоа додала дека и таа ќе се омажи брзо, што е знак дека ја погодила среќата на Вељко со Богдана.
,,Нека и е со среќа, тоа беше детска љубов. Немојте да ме фотографирате да не ме дофати Вељко со онаа пушка со која го гаѓаше јаболкото” – рекол Урош.
Младенците не дознале што коментирале нивните бивши љубови, а Цеца останала во шок кога видела до каде се подготвени луѓето да одат поради завист и љубомора, но само искоментирала: Кој губи нека се лути!