Божиќната реклама на Coca-Cola е помеѓу оние кои секоја година го одбележуваат почетокот на празничната сезона, па и оваа година сите со нетрпение ја очекуваа рекламата со добро познатата песна и популарен камион.
За 2019-та, Coca-Cola направи модернизирана верзија од популарната „Holidays are coming“ реклама, но гледачите имаат една мала замерка – ја сакаат старата, оригинална песна.
Оригиналната реклама беше објавена во 1995-та, но со текот на годините постојано се додава нешто поразлично во песните со цел рекламите да останат уникатни. Сепак, на некои гледачи тоа не им се допаѓа.
„Вратете го оригиналот / вратете ја старата песна / кога возбудено ја чекаш Coca-Cola рекламата… но е различна од очекувањето“ – ова се дел од негативните реакции на фановите на популарната божиќна кампања на брендот.
https://twitter.com/AhhhShammy/status/1198713730852372480
That’s it…. it’s officially Christmas
I’ve seen the @CocaCola_GB Christmas advert #CocaCola #HolidaysAreComing pic.twitter.com/jkAT2AUghm— Dan Collins (@DanCCollins1) November 24, 2019
Но, најважно од сè, е дека и покрај негативните коментари, има и „тон“ позитивни, од оние кои со нетрпение ја очекуваа рекламата со добро познатиот Coca-Cola камион, па сега официјално може да започне божиќната магија.
„Празници се ближат“ – Погледнете ја магичната, божиќна реклама на Coca-Cola за 2019-та: