Албанските медиуми потврдија: Девојката на синот на Рама загина во земјотресот

|

Кристи Реци (24), девојка на Грегор (29), син на албанскиот премиер Еди Рама, е една од жртвите во земјотресот во Албанија. Веста ја пренесоа медиумите од регионот, а ја потврди и Грегор на социјалните мрежи.

Според пишувањата во тамошните медиуми, парот бил заедно повеќе години, но не се експонирале во јавност. Младата Криси неодамна дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана. Цело семејство на девојката загинало во земјотресот.

Првин нејзиното и телото на нејзиниот татко биле извлечени од урнатините во вторникот, а телото на мајка и и брат биле извлечени неколку часа подоцна.

Грегор е син од првиот брак на Рама. И тој, како и неговиот татко покажувал интерес кон уметноста и сликањето, и дипломирал на академијата за уметност во Тирана.