|
Општина Кисела Вода ја исчисти најголемата дива депонија на својата територија, лоцирана на улица „Новопроектирана“ број 13, за која имало реакции и од страна на граѓаните.
Во должина од околу 100 метри и ширина од 5 метри, работниците на општината заедно со нивните колеги од комуналното претпријатие рачно и со помош на механизација собрале вкупно 300 кубни метри отпад, информираат од општинските власти.
Од таму додаваат дека локалната самоуправа и во следниот период ќе продолжи со активности за чистење на депониите и каналите и апелираат граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини.