Еден потег на Дивна Карлеуша, ја купил Драгана Мирковиќ засекогаш: „Кога и требаа пари за Јелена да почне со пеење, само ја прашав, колку?“

|

Пејачката Драгана Мирковиќ изјави дека покојнта новинарка Дивна Карлеуша многу и помогнала на почетокот на нејзината кариера, а потоа и Драгана и воизвратила со тоа што финансиски и помогналa на Јелена Карлеуша да го сними својот прв албум.


Карлеуша честопати истакнува дека Мирковиќ и дала пари за првото снимање, а Драгана е многу среќна што ЈК успеа да изгради одлична кариера.


„Нејзината покојна мајка, Дивна, им помогна на многу млади луѓе, па така и на мене на почетокот на мојата кариера. Никогаш не и го заборавив тоа. Кога и требаше помош за ќерката која најмногу ја сакаше во светот, само ја прашав: Дивна, кажи колку ти треба?”


“Таа не сакаше подарок и подоцна ми врати колку што можеше да врати. Реков дека не треба, но инсистираше. Беше дама и не сакаше никому да му должи” – ќе изјави Драгана Мирковиќ за српски Курир.