Анабела открива се за Џоле Џогани и неговата фамилија

ИЗВОРnovlist.mk
|

Лошите односи меѓу Анабела и групата Џогани траат со години , а целата приказна повторно дојде до израз  после „Blic Poligraf“ каде што Анабела откри дека го обвинува Џоле за распадот на нејзината група „Funky G“ со поранешниот сопруг Гаги.


„ Навистина давав се од себе да останам во групата. За пропастот е одговорен и заслужен Џоле, бидејќи Гаги го слушаше него. Јас добив договор по кој би требало да работам за само 100 евра по настап. Во случај да си одам од групата, би морала да го напуштам станот во кој живеев со децата“ – изјави Анабела, а денсерот на ова не остана рамнодушен.


-„ Како да не, јас не сум крив што Анабела и Гаги се разведоа, како ни за ништо од останатите работи кои се случија. Она е личност на која и е потребна помош , треба со некого да поразговара, некој да ја посоветува и да ја насочи. Кој уствари некогаш имал било каков договор? Таа приказна за разводот и за договорот од 100 евра за неа од еден настап се небулози“ – открива Џоле Џогани, но и Анабела повторно го возвраќа ударот.


-„ Не ме интересира што зборува. За мене говорат делата како и за него. Јас никогаш во животот не сум се откажала од својот род, додека он се откажа. За почеток од родениот брат, а подоцна и од неговата внука Луна. Но годинава работите се променија бидејќи Луна победи во ријалити шоуто „Задруга 2“, ете кој е он“ – изјавува Анабела и додава:


– „Што да каже за мене кога ни за родениот брат нема ништо убаво да каже?“