Пред шест месеци Едита на публиката и го претстави својот последен сингл „Животиње“ кој денес има повеќе од десет милиони прегледи, пеачката Едита Арадиновиќ одлучи да ги израдува своите фанови со нова емотивна песна „Соба“.
Во спотот на новата песна, Едита го покажува својот талент по танцување, а она што посебно ги изненади фановите овие денови е тоа што за потребите на снимањето Едита стана плавуша. Иако публиката е навикната на нејзините транформации низ шоуто „Твоето лице звучи познато“, со новиот изглед успеа да ги воодушеви сите. Исто така таа не крие дека песната „Соба“ е посебно значајна за неа.
-„ Посебно работев на оваа песна. Не сакав да снимам нешто што нема да знам правилно да го изнесам или нешто што ќе нема мој личен печат. „Соба“ ја опишува мојата емоционална состојба низ која поминувам последниве недели, ме опишува мене и го опишува мојот живот.“ – изјави Едита.