Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија, вчера присуствуваа на една гала забава по повод роденденот на еден од српските магазини „informer“ која беше одржана во клубот Kasina.
Како и секогаш звездите последни доаѓаат, па така и они пристигнаа кога атмосфератаа го достигна својот максимум.
Сите очи гледаа во нивни правец, а блицевите постојано светкаа. Како што дознаваме Цеца и Анастасија пред тоа биле на концерт кај пејачот Адил, па можеби затоа пристигнаа видно расположени и насмеани.Цеца е секако позната по безусловната поддршка која им ја пружа на младите колеги, а тоа уште еднаш го докажа со своето доаѓање на концертот на Адил. Таа цела вечер уживање и ги споделуваше своте импресии од концертот на социјалните мрежи. Но секогаш најмногу внимание се обрнува на фотографиите со нејзината наследничка.
Мајката и ќерката рамо до рамо се забавуваа до доцна во ноќта, а и зошто да не, кога конечно успеале да поминат малку од слободното време заедно.