Кејтлин и Клои не зборуваат со години, за се е крива промената на полот

ИЗВОРnovlist.mk
|

Кејтлин Џенер и Клои Кардашијан не разговараат откако Кејтлин го промени полот. Веќе подолго време немаат добар однос и не комуницираат. Во 2015 година Брус Џенер, очувот на Клои, се одлучи за операција со која го промени својот пол и стана Кејтлин Џенер.
Од тој момент нивната комуникација е оладена, иако пред тоа беа многу блиски. Доказ за тоа е прославата за 70тиот роденден на Кејтлин која е организирана од страна на најмладата ќерка Кајли Џенер на која Клои не се појавила.

Кејтлин неодамна беше дел од ријалити шоу „im celebrity“, а освен за процесот на транзиција од маж во жена, зборуваше и за односите во семејството Кардашијан Џенер.

https://www.instagram.com/p/B4PzuppFvyD/?utm_source=ig_embed

– „Клои беше лута низ целиот тој процес на транзиција, не знам од која причина. Искрено мислам дека поминаа скоро пет или шест години откако не разговараме. Не знам во што е проблемот. Клои и јас бевме многу блиски. Сепак, јас ја одгледував од нејзината пета година. Јас сум и понатаму истата личности која бев и пред промената на полот“. – коментира Кејтлин.

Пред промената на полот Брус беше татко на шест деца и очув на четири деца. Откако ја запозна Крис Џенер, се обидел да ја сокрие и потисне во себе желбата дека сака да стане жена.


„Се заљубив во неа. Крис и јас се венчавме и јас се обидов да го сокријам тоа колку што можев“.- неодамна признава Кејтлин.
Кејтлин сега ќе се мажи за жена што исто така го променила својот пол и која е 47 години помлада од неа.