Познатата хрватска пејачка Северина деновиве е во центарот на вниманието поради тоа што го загуби старателството над нејзиниот син Александар.
Родената сестра на Северина деновиве кога на пејачката и е најтешко, сигурно нема да дојде да ја поддржи бидејќи како што изјави за српски Курир таа е лута што Северина се омажила за Србин.
Зденка Вучковиќ Жуниќ, сестрата на Северина јавно се откажала од родената сестра, пишува „Курир.рс“.
Таа изјавила дека никогаш нема да и прости на сестра си бидејќи се омажила за Србинот Игор Којиќ.
Зденка Вучковиќ Жуниќ истакнала дека не сака да оди на некој нејзин концерт ниту пак дека ќе и подаде рака на помирување.
– Јас не присуствував на нејзиниот концерт во Сплит, ниту во Белград! Ниту пак ќе одам во Белград . Не бевме ниту на свадбата на Северина во Белград, како ниту на онаа во Истра – рекла Зденка која живее близу Задар.
Во разговорот за српски Курир се вмешал и зетот на Северина, Здравко Жуниќ кои изјавил дека тие две никогаш нема да се смират!
Вие Србите не ни се јавувајте повеќе“.
„Србите водеа војна против Хрватите! И Северина очигледно заборави дека е Хрватка, а тоа не се простува!“ истакнала Зденка.
Северина има две сестри. Таа моментално е во добри односи со другата сестра, Маријана Поповиќ, која живее во Белград. Маријана е дипломиран новинар, среќно мажена, а премногу врзана за Александар, синот на Северина.