Инстаграм стана една од најкористените социјални мрежи на денешницата. Но, стана и чудно место полно со митови, со илузии и со неточни работи. Еве во кои митови не треба да верувате.
Мит 1
Инстаграм ги забранува профилите без претходно предупредување, така што корисниците не ни забележуваат дека се забранети.
Реалност:
Од Инстаграм тврдат дека не се занимаваат со забрани од ваков вид. Нема да добиете забрана ако користите премногу хаштагови или ако направите некои други мали престапи. Некои профили е потешко да се најдат, но од Инстаграм велат дека тоа е последица на лош маркетинг.
Мит 2
Хаштагот што го измисливте е ваша приватна сопственост.
Реалност:
Можеби ќе ве изненади, но одговорот е не. Вие не сте сопственик на содржините на социјалните мрежи. Сè што објавувате станува сопственост на Инстаграм, а ознаките може да ги користат сите.
Мит 3
Инстаграм намерно ги крие вашите објави за да спречи да бидат видени од повеќе луѓе.
Реалност:
Инстаграм веќе не ги прикажува вашите објави хронолошки, што значи дека тие не се достапни по редоследот на објавување, туку на основа на алгоритам.
Мит 4
Купувањето лајкови и следбеници е пократок начин да станете инфлуенсер.
Реалност:
Инстаграм ги казнува корисниците кои го прават тоа и наскоро ќе ги избрише лажните следбеници и лажните лајкови.
Мит 5
Инстаграм ги казнува корисниците што претеруваат со хаштагови.
Реалност:
Всушност, колку повеќе, толку подобро – но, бидете разумни и умерени.