Елена Стефановска покажа новогодишен детаљ од својот дом (фото)

|

Пред некој ден официјално започна и последниот месец во годината, а до крајот на оваа и почетокот на новата преостануваат помалку од 30 дена.

Украсите во главната метропола веќе ја најавуваат новогодишната еуфорија, а и започнаа разни реклами и предлози за тоа каде да бидете на 31 декември.

Владее новогодишна атмосфера и во канцелариите на вработените, во супермаркетите каде уште во ноември започнаа да се продаваат новогодишни украсни, владее и предновогодишен амбиент и во домовите на познатите.

Тие веќе започнаа да ги китат новогодишните елки, да го украсуваат домот со разни украси меѓу кои сијалички, новогодишни дрва и разни декорации кои потсетуваат на Нова година.

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска исто така се радува на престојните празници и новогодишното лудило. Таа во кратките приказни на „Инстаграм“, водителката објави кратко видео на кој се гледа детаљ од нејзиниот украсен дом.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЕЛЕНАСТЕФАНОВСКА

Дали Стефановска  си замисли желба за следната година не знаеме, но оваа година сигурно ќе ја памети по убави и луксузни патувања, успеси на професионално поле, но и по тоа што ја обелодени својата љубовна врска со Бојан Најдовски.

Која е следната македонска јавна личност која ќе го покаже својот домашен амбиент во новогодишно руво, останува да видиме.