По завршувањето на третата сезона на популарната македонска хумористична серија „Преспав“, гледачите со нетрпение го очекуваа новото продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“.
Нови сопственици на Преспав, желба на Ула за бебе, но и нови актерски ѕвезди како Никола Којо, Анѓелка Прпиќ и Сашко Коцев се појавуваат во тизер трејлерот за новата сезона на омилена ТВ серија.
Долгоочекуваната сезона 4 од најпопуларниот ТВ серијал Преспав ќе започне со емитување на 18 декември на МРТ1, објави денес продукцијата со краток тизер трејлер од новите епизоди.
Преспав се враќа на старите соспственици?! Или можеби на античките сопственици?! – напишаа Преспав на Facebook.
Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст.
Како што е добро познато, преспанци не минуваат без музика и песна, а како тематски композитор и овој пат е задолжен Мите Димовски.
За потсетување, со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.