Наташа Беквалац искрена: Разводот на жените остава печат

|

Нашата Беквалац претрпе семејната драма со поранешниот сопруг Лука Лазукиќ. Имено по раѓањето на нејзиното второ дете, ќерката Катја, Наташа беше жртва на насилство од страна на нејзиниот тогашен сопруг Лазукиќ.

За овој инцидент, пејачката искрено раскажа пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“.

– Болката после развод е еднакво иста како болката кога ќе ти почине некој свој. Тоа е еден пораз кој што го доживувате во себе и една болка која што е тешко да се преброди, затоа што распадот на семејство, разводот на жените остава печат. Но како и во животот треба да правите баланс и секогаш ќе го земате помалото зло. Така што јас три пати се разведов и сметав дека така е најдобро за мене и за моите деца- раскажа таа.

Беквалац вели дека тоа бил страшен период за неа, особено и пради целиот јавен притисок што го имала, но сепак дека тие лекции ѝ биле доделени баш нејзе.

Наташа откри дека многу ѝ помогнале искуствата на другите жени кои биле во слични ситуации, да ја преброди таа болка.