Социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук повторно крахираа ширум светот.
Голем број корисници на овие мрежи се пожалија дека има проблем со логирањето и пристапот на овие мрежи. Хаштагот #instagramdovn го преокупираше Твитер, посебно во Велика Британија.
Повеќето корисници на Инстаграм се жалеле дека има проблем со вчитувањето и освежувањето на апликацијата,а не можеле ниту да се логираат. Сличен проблем имале и корисниците на Фејсбук кои исто така не можеле да се логираат на својот налог, ниту да ги освежат содржините.
Се уште не е познато што би можело да биде причината за падот на овие социјални мрежи на глобално ниво.