Најголемата фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ го коментираше својот новогодишен настап во Будва, но и за домашните медии откри тајна за својот емотивен статус, па на прашањето одговори со уште поинтересно прашање.
-„Кој вели дека не сум скрасена? Изгледам ли несреќно?“-низ смеа започна Цеца па додаде:
-„Шега на страна, мене никаков документ не ми е потребен за среќа и емотивен мир. Јас сум задоволна со својот начин на живот, го организирав животот онака како што сакав, имам доволно искуство позади себе и број години и привилегија да можам да го организирам животот како што јас сакам.“