Сведочењето на Камчев за „Рекет“ полно со сочни детали

ИЗВОРnovlist.mk
|

Во август 2018 година Орце Камчев прв пат дознал дека се води истрага против него. Гласникот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која подоцна беше дел од истрагата за „Империја“.

Ми кажа дека сум ставен на ПИ-мерки и ако сакам да ме застапува, да му платам 100 илјади евра,

рече Камчев.
Рече дека Јовановски првин му побарал пари преку реклама во неговата телевизија. Тие понудиле 50.000 евра, сума која го навредила Боки затоа што била многу мала. Подоцна Боки заедно со Јасна Мандиќ дошле со подготвен план за изградба на фешн молови и побарал 4 милиони евра за комплетирање на проектот.

Ја сврте последната страница од договорот, потпишан беше Лазар Јанев, синот на Катица. Сакаше да ми наплати 4 милиони евра, толку чинеше проектот, лиценцата за проектот. Ќе си имаш проблеми ако не го потпишеш. Не го потпишав, нормално,

сведочеше Камчев.
По третата средба на која присуствувал и Зоран Милевски и консултацијата со неговите соработници, стравувајќи дека Боки преку 1 ТВ ќе се обиде да го урне имиџот на болницата му дале 180.000 евра за реклами.

И за овој проект цената беше 4 милиони евра. И за овој проект го откачив. Милески ми кажа дека ми се налутил, па се согласив да му платиме реклама од 180.000 евра. Подоцна откако не му ги задоволив желбите, а не проектите, ми пуштија слика со дознака дека се подготвува нешто големо,

рече Камчев.
Јовановски сакајќи да покаже колку е сериозна работата на инстаграм му испратил фотографија од него и Катица Јанева. Така почнала да се конструира истрагата „Империја“ тврди Камчев.

Во една прилика во СЈО, Јанева директно ми рече „тоа што го договарате со Бојан да го завршиш.“

Понудите на Боки 13 не биле единствените:

Лиле Стефанова преку Ванчо Чифлиганец преку мене бараше простор за стоматолошка ординација за нејзината ќерка. И тоа го одбив. Сите барање за рекет ги одбив. Бев изложен на класичен рекет,

сведочеше Камчев.