Гостиварска Пошта „полесна“ за два милиони денари: Кривична пријава за благајникот

ИЗВОРnovlist.mk
|

Кривична пријава поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар против С.Џ.(56) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

На 23.11.2019 пријавениот, во својство на благајник во Македонска пошта – подружница Гостивар, противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му биле доверени во службата, информира МВР.