Елена Ристеска објави фотографија од нејзината најголема љубов: „Успеавме!“

|

Македонската пејачка, Елена Ристеска, постојано објавува фотографии со својата најголема љубов, малата Делфина.

Овој пат Ристеска објави фотографија од нејзината внука како држи дрвена куќичка во рае.

„Успеавме! Со Делфина направивме прекрасна куќичка… Конечно поминувам време со мојата внука“, напиша Ристеска на Инстаграм-стори.

Тоа што Ристеска вели дека кончено има време за својата внука, само го потврдува фактот дека пејачката неуморно работи на новите проекти.

Преполниот распоред, неодложните обврски, амбицијата за успешна кариера, резултираат со минимално слободно време за најблиските и најсаканите.