Познатиот српски актер Андрија Милошевиќ повторно ги изнасмеа своите фанови. Овој пат тој на својот профил на Инстаграм објави кратко видео на кое може да се види дека се бања.
За време на „обврската“, Андрија правеше различни гримаси, а тоа до солзи ги насмеа неговите обожватели.
– Влогерка да бидам – напишал Андрија и го објавил видеото.
Фановите го „затрупаа“ од коментари и пред се, позитивни.
– Да те нема, ќе требаше да те измислиме – беа некои од многуте коментари.