Coca-Cola слави 100-ти роденден на акциите на компанијата

|

Coca-Cola овие денови слави 100-ти роденден на акциите на компанијата. Акциите на Coca-Cola за прв пат се појавија на јавна понуда во 1919 година, откако Аса Кендлер ја продаде компанијата на Ернест Вудроф и неговите деловни партнери.

За да соберат средства за раст на компанијата, и понудија на јавноста 500.000 акции по цена од 40 долари. Во 1919 година, Coca-Cola се продаваше на само шест пазари надвор од континенталниот дел на САД, а денес е присутна во повеќе од 200 земји.

Coca-Cola со децении беше единствен производ на компанијата Coca-Cola, но со текот на времето понудата се ширеше и денес опфаќа повеќе од 500 различни производи, вклучувајќи кафе, спортски пијалоци, сокови, чај и многу повеќе.

Во исто време, со раст на компанијата, растеше и нејзината вредност. Оригиналната акција од 40 долари со реинвестирана дивиденда денес би вредела повеќе од 18 милиони долари, односно дури 450.000 пати повеќе од почетната вредност.