Камчева: 350 илјади евра му однесов на Боки 13, се разлути кога виде дека фалат 150 илјади евра

ИЗВОРnovlist.mk
|

Ана Камчева беше денешниот и втор сведок во случајот Рекет. Сопругата на бизнисменот Орце Камчев во судница призна дека плачела кога и ги барале парите за нејзиниот сопруг да излезе од притвор. Нејзиниот исказ беше речиси идентичен со оној на сопругот.

Додека тој бил во притвор Зоран Милевски договарал средби меѓу Камчева и Боки 13. На првата средба во 1 ТВ кусо присуствувал и синот на Јанева Лазар, на оваа средба ја сфатила блискоста на Боки со јанева. На втората, веќе парите биле обезбедени.

Пари побарав од Мими, сметководителката. 350 илјади евра обезбеди таа од сметка, а останатите 150 илјади требаше да ги обезбеди Зоран Милевски. Свекрва ми Ратка, ми ги донесе парите кои беа ставени во несесер. Зоран Милевски ме зема од дома и ме однесе во домот на Бојан Јовановски во Орман. Парите му ги дадовме на Боки 13, се разлути кога виде дека фалат 150 илјади евра, а реагираше и зошто се во мали банкноти. Сепак по ова рече ќе договори среба со Катица Јанева, сведочеше Ана Камчева.
Но Камчева сведочеше дека Јанева нбикогаш лично не и побарала пари. Имале средба во домот на Боки 13 но таму само ги договарале постапките кои би следувале за Камчев да излезе и од куќен притвор. Таа не присуствувала ниту кога нејзиниот сопруг му ја дал втората транша од милион евара на Бојан Јовановски, додека Камчев бил во домашен притвор.

Инаку на денешното рочиште сведочеше и сметководителката која ги обезбедувала парите од сметките на камчеви. Во декември извадила околу 28 милиони денари, а во февруари околу 780 илјади евра. таа ги менувала парите од денари во евра во менувачница а биле вадени од сметките на мајката и сестрата на Камчев. Според одбраната исказите на Ана Камчева дадени во истрага и сега во судот се разликуваат.

Инаку Камчева за она што и се случувало го информирала тогашниот директор на УБК Горан николовски, но приватно. Рече дека и било страв да пријави официјално оти Боки постојано комуницирал со министерот за внатрешни Оливер Спасовски, а во УБК пак работел сопругот на пратеничката фросина ременски со која боки исто така бил близок.