Мајката на Богдана: Јас не сум била галена и нема да ја разгалувам, нека го прават тоа Цеца и Вељко

ИЗВОРnovlist.mk
|

Впечатоците од прекрасната свадба на Вељко и Богдана Ражнатовиќ веќе се смирија, а сега семејството го очекува следниот голем момент, раѓањето на нивното бебе.

По тој повод, мајката на Богдана, Даниела, изјавила дека е пресреќна што ќе стане баба, но и како се однесува кон ќерката:

„Беше преубаво. За бебето, само нека е живо и здраво. Мене никогаш не ми беше важно дали е машко или женско. Сите кои имаат внучиња кажуваат дека чувството е прекрасно, а и сигурно имаат повеќе време за да им се посветат, отколку што ќе имам јас“, изјавила за магазинот „Свет“ и додала:

„Богдана добро се чувствува, нема проблеми во бременоста, не ја разгалувам. Нега го прават тоа Цеца и Вељко. Јас не сум била галена, па нема ни така да ја учам. Си има маж, тој нека ѝ ги исполнува желбите.“