Иако едното дете е бело, а другото црно, тие се близнаци. Даниел и Дејвид се родени само со една минута разлика.
„Даниел се роди прво, а потоа акушерката извика дека второто бебе има златна коса“, се сеќава Мајка Стејси. Тие се родени на 26 февруари во Лагос, Нигерија.
Нејзините синови се веќе вистински славни лица каде и да се појават. Иако нивните родители, Стејси (30) и Бабаџиде (38) се со темна боја на кожата, Дејвид е роден како албино, а Даниел има темна кожа и кадрава темна коса, исто како и нивната постара сестра, четиригодишна Демиладе. Затоа, пак, никој нема проблем околу тоа да ги разликува близнаците.
Даниел и Дејвид се најдобри пријатели, цело време се заедно и заедно танцуваат.
Стејси вели дека луѓето ја прашуваат дали и двајцата се нејзини.
„Луѓето велат: ‘Извинете, госпоѓо, кое бебе е твое?’. Јас само велам дека и двајцата се мои и луѓето ме гледаат како да се шегувам“, вели оваа дизајнерка на облека. И покрај ова, таа вели дека нема добиено никакви срамни коментари.
Отпрвин, признава, била шокирана, но на крајот сфатила дека е благословена што е мајка на две среќни и специјални мали момчиња.
„Се чувствувам убаво што сум нивна мајка. Се чувствувам посебно затоа што тие се и специјални. Јас ги сакам“, додава таа.
Twins boys one is black and the other is white
These twins were born just minutes apart, but they couldn’t look less like brothers ❤️
Gepostet von Daily Mail am Dienstag, 10. Dezember 2019
Албинизмот е недостаток на пигмент кој им дава боја на кожата и косата. Ова е наследна состојба и ако двајцата родители го носат генот, постои шанса само едно дете да има албино кај близнаците. Нема информации колку близнаци се раѓаат во оваа варијанта, но вакви случаи веќе се пријавени во Нигерија, Холандија и Мозамбик.