Едно едноставно шише со топла вода може да му помогне на вашето бебе да заспие побрзо, може да ви ги олесни грчевите за време на циклус, а може да ја намали и болката во вратот. Очигледно, шишето со топла вода има многу поголема примена отколку што сме си претпоставувале: од намалување на вознемиреноста до ублажување на различни видови болки. Добро е да имате и термофор, но практичноста на пластичното шише е незаменлива.
Само наполнете го шишето со топла вода и користете го секогаш кога тоа му е потребно на вашето тело!
1. Помогнете му на бебето да заспие полесно
На бебето при спиењето му е потребна константна топлина. Тоа чувствува кога неговата мајка ќе се оддалечи од него. За да не мора да лежите покрај него постојано, наполнете шише со топла вода и ставете го во неговото креветче. Така постојано ќе му биде топло.
2. Наводнете ги цвеќињата
Откако водата во вашиот електричен бокал ќе се симне на собна температура, не мора да ја фрлите. Наводнете ги вашите цвеќиња, тие ќе ви бидат благодарни.
3. Олеснете си ги менструалните болки и другите болки во стомакот
Болките во стомакот може да се појават поради многу причини како: неиспразнетост на цревата, воздух во нив или поради менструалниот циклус. Зошто да пиете апчиња кога може тоа да го решите на природен начин?
4. Стоплете ја вашата вреќа за кампување
Иако се кампува повеќе во лето, ние ве потсетуваме дека може да наполните шише топла вода и да го ставите во вашата вреќа за спиење. Така ќе се стоплите.
5. Олеснете си ги контракциите во бременоста
Болките предизвикани поради бременоста може да бидат многу непријатни. За да ги олесните пробајте да го загреете стомакот или пелвичниот дел со шише топла вода.
6. Намалете ја кашлицата
Растечениот нос, кивањето и кашлиците се многу застапени во овој период. За да ја намалите вашата кашлица навечер, наполнете шише топла вода и ставете го на вашите гради додека спиете. Само внимавајте да не легнете врз него.