Важно е кој ви е пријател, бидејќи ќе ги попримите неговите навики и размислувања

ИЗВОРnovlist.mk
|

Повеќе не им дозволувам на луѓето со мрачни аури да ми го одземаат драгоценото време на оваа планета. Тоа го научив на сопствена кожа отккао премногу се одрекував и од себеси и од своето време. Научив од сопственото искуство дека доколку дозволиш некому да те вовлече во своето пореметено его, неговата темнина ќе ја одземе вашата светлина.

Успехот најчесто процветуваа кога станува збор за промени и нови нешта: нови можности, нови идеи, нови познанства, нови перспективи, нови потфати. Ако имате цел и сакате да ја остварите, тоа значи дека ќе мора многу да жртвувате и да се впуштите во непознатото. Понекогаш, успехот не произлегува од нешто ново туку од елиминирањето на она старото.

Опра Винфри вели: „Една од најтешките работи во животот е да научите кои мостови треба да се преминат, а кои да се срушат.“ Ако не сте успешни колку што би сакале да бидете, ако не се среќни колку што сакате да бидете, наместо да барате нови мостови, разгледајте ги опциите за да ги срушите старите“.

Наместо да се грижите што ќе кажат другите, бидете среќни што зборуваат за вас. Затоа што тоа значи дека сте на вистинскиот пат. Вашиот пат. Не се грижете за тоа дали сте среќни. Затворете ги очите и замислете дека некој ви одзема сѐ што имате моментално – семејство, работа, компанија, куќа, сѐ!

Што се случува потоа? Сфаќате дека веќе сте ималее многу нешта кои се поважни од она што моментално го немате. Сфаќате колку сте безгрижни, успешни и среќни моментално. Сега отворете ги очите. Буквално. И уште поважно, фигуративно. Можеби можете да бидете и посреќни, но ако размислите, животот веќе е доволно добар. Секоја вечер пред спиење помислете на сѐ што имате. Направете го тоа и не се грижете дали сте среќни или не. Затоа што знаете дека сте.