Рада Манојловиќ си ја отвори душата: „Посегнав по таблети за смирување, имав проблеми!“

|

Пејачката Рада Манојловиќ важи за една од најискрените пејачки во соседна Србија, а неодамна во едно интервју таа призна дека користи лекови за смирување.

-Беше тоа во 2015 година. Не дојдов до антидепресиви, но мислам дека не им е лесно на оние кои мораат да земаат лекови. Пиев таблети за спиење, користев се и сешто на своја рака бидејќи имав проблеми со сонот, рекла пејачката.

Таа додала и дека многу тешко се одвикнала од нив.

Тешко, многу тешко, толку долго траеше одвикнувањето од зависноста да еднаш реков: Поубаво да се напијам и заспијам. И тоа јас што не пијам алкохол, тогаш почнав и да пијам. Но сфатив дека поубаво е да бидам навлечена на тоа отколку на дрога. Знаев дека тоа создава некој хемиски процес од кој стануваш зависен. И што би си правела јас проблеми без проблеми, заклучила Рада.