Ако сте бик, девица или јарец, дознајте што треба да јадете, а што не според вашиот хороскопски знак

ИЗВОРnovlist.mk
|

Бик
Хороскопските Бикови имаат тенденција да јадат висококалорична храна, богата со вкусови и често знаат да претераат, а тоа лошо се одразува на нивниот метаболизам.
Од месото, најдобар избор за Биковите е говедското и телешкото, како и месото од пердувести животни, додека од зеленчукот се препорачува: аспарагус, карфиол, краставица, спанаќ, грав, кромид, црвена цикорија, тиква, домат и ротквица. Биковите треба да јадат многу овошје, особено јаболка, јагоди, банани, брусница и авокадо. Може да имаат големи придобивки и од оревите.
Биковите треба да избегнуваат внесување премногу јаглехидрати во нивното тело, компири, млечни производи и путер, тешка, калорична и пржена храна. Иако се склони кон раскошни оброци, тие знаат да уживаат и во здравата храна, како салатите и морските плодови.

Девица
Девиците имаат многу чувствителен дигестивен систем и се екстремно пребирливи во однос на храната (како и во сè останато) и внимаваат на хранливата вредност на состојките што ги јадат. Најдобар избор за нив е целозрнестата храна и овесот, како и кафеавиот ориз, зелјето, морковите, цвеклото, карфиолот, лиснатиот зелен зеленчук и бистрите супи.Од месото се препорачува говедско и телешко, а од рибите – туна, сардина и лосос. Тие имаат голема корист од млечните производи, зачините, билните чаеви, потоа јатките (ф’стаците, бадемите, оревите, лешниците), овошните салати и соковите (особено сокот од лимон), а најмногу им се препорачуваат бананите и портокалите, калинките и кајсиите.Претставниците на овој знак треба да јадат лесна храна, а заради чувствителните црева, мора да избегнуваат многу состојки, вклучително и тешка, висококалорична храна, па дури и чоколадо!

Јарец
Се препорачува мени составено од јагнешко месо, кафеав ориз, коренест зеленчук, зелка, компири, репа, модар патлиџан, пченка, лук, потоа зелје, разни супи, кикиритки, ленено семе, млечни производи, овошни салати и сокови, портокали, лимони, смокви, дињи, лубеници и капини.Лицата родени во знакот Јарец треба да избегнуваат алкохол, потоа тешка и висококалорична храна, црвено месо, зачини и чоколадо.Хороскопските Јарци сакаат да јадат едноставни оброци и не експериментираат со храната. Ним им е потребна храна која содржи многу калциум. За да се избегнат непотребните маснотии, треба да користат маслиново масло при подготовка на храната.